Скопјанката Емилија во финалето на „Мис туризам Евроазија 2018“ : Сите зборуваа за фустанот

Манекенката Емилија Димитриевска од Скопје се пласираше меѓу 10-те финалистки на интернационалниот избор  „Мис туризам Евроазија 2018“ што се одржа во Анталија, Турција. Победи претставничката на Латвија, прва придружничка е мис Кипар, а втора-мис Русија.

Убавиците 15 дена се подготвуваа во хотелот „Топкапи Палас“. Нашата Емилија која е членка на модното студио „Црнокрак“ кој ја поседува лиценцата за Македонија, привлече внимание кај жирито и публиката со провокативната проѕирна тоалета на нашата дизајнерка Ива Спасовска, специјално изработена за овој избор. (Л.С.)

 

Ива Спасовска, дизајнерка: Мои креации носат само храбри жени

 

Провокативниот фустан, дизајн на Спасовска во горниот дел е изработен од проѕирен тул, и кристали, а во долниот дел е од свила.

-Креацијата ја избра лично Емилија. Поради проѕирниот материјал околу градите подразбира и корпи. Желба беше на нашата претставничка сепак да не ги носи на изборот во Анталија.

Прв пат облекувам убавица на ваков меѓународен избор на убавина. Драго ми е што предизвикала внимание колку со својот изглед, толку и со мојот фустан, ни изјави Спасовска.