Скопјанец чувал марихуана во буре

Триесетдневен притвор му е одреден на скопјанец, кај кого биле пронајдени околу 1.8 килограми марихуана. Истрагата утврдила дека осомничениот ја купил дрогата за да ја препродаде. При претресот, пронајдена е во балконот и во подрумот од неговиот стан на улицата „Благоја Паровиќ“. Била спакувана во пластично буре, во кеси, како и во јутена бела вреќа.

„Надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности кои го оправдуваат стравот од опасност од бегство на осомничениот – неговата возраст, видот, карактерот и тежината на кривичното дело за кое е осомничен, висината на запретената кривична санкција за ова дело, како и фактот што лицето досега е осудувано, поради што основано може да се очекува дека осомничениот ќе се крие, односно ќе се даде во бегство“, велат од Основното јвано обвинителство.