Скопјанец украл „Ауди 6“

Скопјанец заработи кривична пријава поради кражба на „Ауди 6“.

Како што соопшти полицијата, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 15 јануари оваа година околу 15:00 часот на ул. „Ѓорче Петров“, пријавениот одзел патничко моторно возило „Ауди 6“ во кое бил оставен клучот на бравата.