Скопјанец се обидел да ја убие партнерката

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство.

Од Основното јавно обвинителство информираат дека осомничениот се товари дека на 2 септември 2018 година, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја лиши од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница.

Тој ја разбудил оштетената и по кратка расправија за која мотивот бил љубомора и се заканил со зборовите „вечерва мора да умреш“. Потоа со кујнски нож и нанел тешка телесна повреда во вид на убодна рана во пределот на слабинската регија, со конкретна опасност по нејзиниот живот.

– Ценејќи дека се уште се исполнети условите поради кои на осомничениот му беше определена мерка притвор, а особено опасноста тој да се даде во бегство и можноста да го повтори кривичното дело или да го доврши обиденото кривично дело, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка, наведуваат од Обвинителството.