Скопјанец се обесил во парк шумата Гази Баба

Скопјанец (38) вчера е пронајден обесен на греда во летниковец во парк шумата „Гази Баба“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 12.30 часот во Единицата за известување и команда – Скопје, случаен минувач пријавил дека додека трчал во парк шумата „Гази Баба“ – Скопје, во летниковец го видел телото на С.З.(38) од Скопје обесено на греда.

Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е дадено на судска медицина за обдукција.