Скијачкото чудо од Чешка испиша историја

На ниту еден спортист никогаш не му пошло од рака на Олимписки игри да освои два златни медали во два различни спорта. До денеска. Авторка на тој историски потфат е младата Чехинка Естер Ледецка (22), која по сензационалната победа во алпски супервелеслалом и тоа со позајмени скии од Микаела Шифрин, освои злато и во паралелниот велеслалом за сноубордерки во Пјончанг. Младата Чехинка во големото финале ја победи Германката Селина Јорг, а и бронзата замина во Германија кај Рамона Тереза Хофмајстер.