Скарлет Јохансон е најплатена актерка во Холивуд

САД- Скарлет Јохансон стана најплатената глумица во Холивуд, благодарение на нејзината повторувачка улога како Црната вдовица од серијалот филмови за „Одмазниците“.

За прв пат во улогата на Црната вдовица, Јохансон се појави во „Ајрон мен 2“ во 2010 година, а оттогаш улогата ја повтори уште пет пати. Неодамна, таа потпиша и договор за самостоен филм за супер-хероината. Филмот во кината би требало да се појави во 2020 година, а за улогата Јохансон ќе добие 25 милиони долари. Освен тоа, доколку филмот заработи 900 милиони долари, таа ќе добие бонус од уште шест милиони, што значи дека вкупната заработа ќе ѝ се искачи на 31 милион.

Сепак, тоа е помалку од заработката на нејзините машки колеги. Роберт Дауни Џуниор за улогата на Тони Старк, односно Ајрон Мен, доби 50 милиони долари, плус бонуси.

Според листата на Форбс за најплатени глумци и глумици, се гледа дека се уште постои голема разлика помеѓу женски и машките плати.

Лани најплатен актер беше Марк Валберг со 68 милиони долари, додека најплатена актерка беше Ема Стоун со 26 милиони.