Скандал на Греми: Хилари Клинтон читаше извадок од книгата против Трамп (ВИДЕО)

Еден од најголемите непријатели на американскиот претседател Доналд Трамп, Хилари Клинтон има главна улога во видео кое е направено со цел да го понижи него.

Во видеото во кое учествуваа познати музички имиња, се појавува и Клинтон која прочита мал дел од познатата книга на Мајкл Волф „Оган и бес: во Трамповата Бела куќа“.

Греми наградите беа искористени како идеална платформа за да се понижи Трамп, а кратко по прикажувањето на видеото стигнаа и реакции од Трамповата амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли која истакна: „Отсекогаш ги сакав Греми наградите, но земањето уметници да ја читаат ‘Оган и бес’ ги уништи. Не упропастувајте одлична музика со ѓубре. Некои од нас сакаат музика без да ја мешате политиката во неа“.

Кратко по неа, на Твитер исто така се огласи и синот на Трамп, Доналд Помалиот, кој напиша: „Читањето извадоци од книга со лажни вести на Греми се чини како одлична утешна награда за губењето на изборите“.