Си-Ен-Ен му ги одзеде наградите на лажниот новинар

Си-Ен-Ен соопшти дека одзема две награди, кои во 2014 година му ги доделила на германски новинар за кого се дозна дека ги фалсификувал своите статии.

Американската телевизија соопшти дека независната комисија, која пред четири години на Клас Релотиус му ги доделила наградите „Новинар на годината“ и „Новинар на годината од печатен медиум“, едногласно одлучила да му ги одземе откако била откриена неговата професионална неетичност.

Германското списание „Шпигел“, каде што работеше Релотиус, соопшти дека тој лажирал интервјуа и факти во речиси 14 свои статии во текот на неколку години.