Системот на ЕУ против дезинформации ќе почне со работа од следната недела

Системот на ЕУ превенирање дезинформации ќе почне со работа в понеделник, соопшти денеска Европската комисија.

Во новиот систем ќе има претставници од секоја земја, членка на ЕУ, кои ќе собираат податоци од јавни извори за постоење дезинформациски кампањи, без разлика каде се наоѓа изворот.

Системот за брзо предупредување (Рапид алерт систем“ – РАС) е дел од Акцискиот план на ЕУ за борба против дезинформациите.

Системот за брзо предупредување има за цел да ја зајакне координацијата, анализата и заедничките одговори на дезинформациите преку создавање дигитална платформа за мрежа од контактни точки од 28-те земји-членки на ЕУ и институциите на ЕУ, кои тесно ќе соработуваат со Европската мрежа за соработка при избори.