Сирија тврди дека открила лабораторија во која терористи произведувале отрови

Во населбата Афтарис, во реонот на Источна Гута, која до неодамна беше под контрола на бунтовниците, сириската армија соопшти дека открила лабораторија на терористите за производство на отровни супстанци.

– Во текот на операцијата за прочистување на областа на Источна Гута, пронајдена е лабораторија на преостанатите терористички организации во Афтарис, опремена за производство на сите видови отровни супстанци. Во неа е пронајдена разновидна опрема неопходна за процесот на создавање и мешање на супстанци за производство на забрането оружје – се наведува во соопштението на сириската Армија,

Под обвинение дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во местото Дума на 7 април, рано изутринава САД, Велика Британија и Франција извршија ракетни напади врз цели во Сирија.

По денешната сојузничка акција, сириската државна телевизија објави снимка на која се гледа како претседателот на Сирија, Башар ал-Асад доаѓа вообичаено на своеото работно место, само неколку часа по нападите.

Снимката, која трае осум секунди, е придружена со текст „утро на отпорот“