“Синтезис“ промовира албум и монографија

Групата “Синтезис“ вечерва во 20 часот ќе промовира нов албум „Остров“ како и монографијата “Синтезис – Патување низ музичкото време“ во клуб-ресторанот во МКЦ во Скопје. Албумот “Остров“ е осмиот албум на Синтезис, а е снимен во студиото „Подрумот“. Продуценти се Синтезис и Ангел Ќосев, додека дизајнот е на Иван Дургутовски.Издавач на албумот е SJF Records (Скопски џез фестивал), а специјален гостин е Влатко Стефановски.

Со монографијата се одбележува 20-годишнината од постоењето на групата, а автор е Милан Банов. Подготовката и дизајнот се на Горан Атанасовски, а издавач е Интермедиа.