Синоќа е опожарен автомобил со американски таблички
Автомобил “крајслер” со американски таблички опожарен е синоќа во Кавадарци на улица „29 Ноември“, потврди портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Според првичните информации, претходно сопственикот на возилото кој е од Кавадарци, имал проблем со десниот преден фар, па го поправал. Најверојатно потоа настанало самозапалување од краток спој, по што по 22 часот автомобилот се запалил во делот на моторот. При пожарот, најголемо оштетување има во предниот дел на автобилот.
Припадници на Полициска станица од општа надлежност – Кавадарци направиле увид на лице место.