Синди Крафорд и Ранде Гербер: 20 години среќен брак

САД– 20-годишниот среќен брак, топ-моделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, бизнисменот Ранде Гербер го прославија во паб во Нешвил. По тој повод, Синди на социјалните мрежи ја сподели фотографијата од свадбата која се одржа на плажа.

„Не можев да изберам подобар маж за да одам низ животот. Те сакам, напиша Крафорд на својот Инстаграм.

За Крафорд- топ-моделот со врв на кариера во 90-тите, ова е втор брак. По бродоломот со актерот Ричард Гир од кој се разведе во 1995 година, по 4 години брак, најде среќа со Гербер. Двојката има две деца кои тргнаа по нејзините чекори. Ќерката Каја (16) веќе е најбарана на модната сцена, а со манекенкство се бави и синот Присли (18).