Симеоне: Имам голема желба да се надигруваме со ривал како Јувентус

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги искажа своите очекувања од натпреварот против Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Имам голема желба да се борам со таков противник како Јуве. Атлетико е еден од главните протагонисти на овој турнир, а гордоста е одличен мотиватор. Сега никој нема предност. Се започнува со шанси 50:50, изјави Симеоне.

Натпреварот ќе се игра вечер од 21 часот во Мадрид.