Силни експлозии кај Алепо

Силна експлозија одекна доцна вечерва во реон под контрола на сириската Влада, јужно од Алепо, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Причината за експлозијата е непозната, како и евентуалната мета, но во реонот се распоредени ирански сили, како и припадници на авганистанската проиранска милиција Лива Фатимиун, која е поддржана од властите во Дамаск.

Раководителот на сирискиот центар, чие седиште се наоѓа во Лондон, Рами Абдел Рахман истакна дека засега не е познато дали станува збор за случајна експлозија во магацин за оружје или за воздушен напад.