Силвестер Сталоне во болница


САД- Холивудскиот актер Силвестер Сталоне е хоспитализиран после висок крвен притисок, вртоглавица и забрзана работа на неговото срце.71-годишниот актер моментално се наоѓа во болница во Лос Анџелес.

„Примен е поради анализа која докторите сакаат да ја направат. Не е поврзано со стрес. Докторите едноставно сакаат да се уверат дека тој е добро“, вели извор близок до актерот за американските медиуми.

Крајот на 2017 година не беше ниту малку лесен за славниот актер. Имено, тој беше споменат во полициски извештај во ноември, во кој се тврди дека силувал една жена во 1990 година. Актерот веднаш ги демантираше овие тврдења.