Се чисти кејот на Вардар во Влае

„Паркови и зеленило“ го расчистува коритото на Вардар, на потегот од Железниот мост на улицата „Адолф Циборовски“ до мостот „Обединети нации“ во Влае. Овој дел кејот, но и коритото на реката, се обраснати со диви стебла, гранки, грмушки и плевел.

Во бујната вегетација многу често се заглавува секаков отпад, пластика, лименки, но и делови од мебел, фрлени од несовесни граѓани.