Се урна стара куќа во штипско Ново Село

Во штипско Ново Село се урна уште една стара куќа, целиот градежен материјал паднал врз улицата.  Уривањето се случило вчера и голема среќа е што нема повредени жители или случајни минувачи по оваа улица.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска информираше дека екипите на ЈП „Стипион“ веднаш реагирале и го отстраниле материјалот од куќата што се урнала.

Инаку станува збор за куќа што познатиот кардиохирург Жан Митрев и ја подари на општината. Митрев во 2015 година на Општина Штип подари вкупно четири куќи во штипско Ново Село.

Куќите се прогласени за споменици на културата за нив Општината има изготвено и проект за реконструкција и е во преговори за грант во висина од 800.000 евра .

– Ние имаме градежно одобрение, чекаме одговор од Европската Унија за доделување на грант и штом ќе се одобрат парите ќе се почне со градба. Овде е планирано да се направи Музеј кој ќе биде нова содржина во понудата на Ново Село, вели Бочварски.

Предниот дел од истата куќа се урна пред неколку месеци, а сега, поради снегот и дождовите, попушти и задниот дел од истата. Станува збор за четири куќи чија вредност тогаш се проценување на околу шест милиони денари.