Се снима филм на патот Радовиш – Штип, сообраќајот се пренасочува

Од 7:00 часот утринава поради снимање филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип, на 4 км се пренасочува десно, кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип, соопштија од АМСМ.

На другите патни правци сообраќајот се одвива тековно и без забрани.