Се сврши ќерката на Били Џоел и Кристи Бринкли

САД- Алекса Реј Џоел, ќерката на пејачот и текстописецот Били Џоел и легендарниот модел од „Спортс Илустрејтед“ Кристи Бринкли, се сврши со нејзиното момче, њујоршкиот угостител Рајан Глисон.
Двојката ја објави новоста на Инстаграм дента по Нова Година, споделувајќи фотографии од запросувањето на плажа со смарагден прстен. „Најсреќниот маж на светот!!!“ Глисон напиша под фотографијата на која неговата рака беше ставена врз нејзината рака, додека Алекса само стави емотикони.
31-годишната пеачка и текстописец исто така ги откри и деталите од неговите точни зборови и нејзината реакција и таа напиша: „Тој ми рече: ‘ Пред да те запознаам, мојот свет беше црно-бел. Ти го обои меѓу редовите.’ Тоа беше најубавото нешто што некој некогаш ми го кажал. Како е можно да кажам Не на тоа?!“ Таа продолжи „Ме фати сосема неспремна, вчудоневидена, шокирана и ЗА ПРВПАТ во животот останав без зборови, не можев да прозборам… Само продолжив да зјапам во овој неверојатен прстен – а тој хистерично ми се смееше!!!