Се санира покривот на Драмски театар

Покривот на Драмскиот театар конечно ќе биде саниран за во иднина да не се повторува проблемот со прокиснувањето.

Како што информираше директорот на театарот Сашо Тасевски, од денеска почнува поправката и ќе трае 30 дена.

„По успешно спроведениот тендер во изминатиот месец, од денес, па во наредните 30 дена, покривот на Драмски театар ќе биде целосно саниран и проблемот со прокиснувањето ќе биде надминат“, информира директорот.

Тој се надева дека новата сезона која почнува во септември ќе ја стартуваат со нов покрив и без досегашните проблеми што ги имаше театарот во услови на врнежи од дожд.

Минатата недела театарот повторно прокисна и тоа за време на претстава, па публиката беше принудена да се засолнува од дождот.