Се самоуби затвореник осуден на доживотна казна во КПУ Идризово

Затвореникот Игор Мирчески (39) од Кичево, кој издржувал доживотна затворска казна во Казнено-поправната установа Идризово, се обесил во просторијата во која бил сместен.

Како што информира МВР, затвореникот со итна медицинска помош бил префрлен во Ургентниот центар-Скопје, каде во 13:55 часот била констатирана смрт.

Случајот во полиција бил пријавен вчера во 14 часот од Командир на смена во Казнено-поправната установа Идризово.

Мирчевски пред 12 години од кичевскиот Основен заедно со другар му Анте Ристески беа осудени на доживотен затвор за грозоморно убиство на нивни сограѓанин.