Се разведува Елена Велевска: Го правам најдоброто за децата

Елена Велевска, една од најангажираните фолк пејачки кај нас, по десет години брак се разведува од сопругот Марјан, со кого има три малолетни деца Софија, Марко и Калија. Прилепчанката, која откако стапи во брак со Марјан се пресели во неговиот роден Охрид, ја потврди веста за разводот и на социјалните мрежи се обрати и кон јавноста .

-Со денови моето име можевте да го прочитате во многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се најмногу поради моите дечиња крајно време е да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме, за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам… Животот за нас оди понатаму – порача Велевска.

Сопругот на Елена во јавноста ретко се појавуваше за разлика од фолк-пејачката која секое лето беше топ-тема по медиумите со својата топ-форма и негуван изглед.  Марјан пак, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.