Се променија границите на нормалниот крвен притисок

Отсекогаш се сметало дека висок крвен притисок имате кога вредностите ќе дојдат 140:90. Но, сега стручните лица сега ги поместија границите на оваа „нормална“ цифра за десет.

Практично, тоа значи дека највисокиот дозволен крвен притисок е 130:80, што и понатаму значи дека во светот сега има двојно повеќе пациенти со зголемен крвен притисок. Луѓето кои до сега мислеле дека се во некоја нормална граница, сега спаѓаат во ризична група. На овој потег лекарите се одлучија бидејќи секој ден расте бројот на луѓе кои имаат разни заболувања предизвикани од дебелина или лоша исхрана.

– Моравме да превземеме нешто за да ја вратиме контролата врз високиот крвен притисок кај светската популација. Новите водичи сега се поригорозни и ја нагласуваат потребата од превентива и многу помоглем ангажман на самите пациенти врз своето здравје, изјавија од организацијата “Vital Strategies”.

Во практична смисла, тоа значи следно – ако вредноста на притисокот е на пример, 130/80, до сега на преглед би ви рекле дека сте добро. По новите правила, се вбројувате во ризична група. Тоа не значи дека вам веднаш ќе ви бидат препишани лекови, туку може да ви биде даден совет за здрав начин на живот.