Се продава модната куќа „Версаче“

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави денеска дека ќе се продава модната куќа Версаче, а најверојатно објавата ќе биде утре.

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот тврди дека Донатела Версаче, сестра на покојниот Џани Версаче, свикала состанок со персоналот за утре кога треба да биде објавена продажбата на компанијата. Од компанијата одбија да ги коментираат тие информации.

Весникот додава дека брендот е проценет на две милијарди долари и оти можни купувачи се американскатѕа Мајкл Корси или јувелирската комапнија Тифани. Семејството Версаче поседуваат 80 отсто од компанијата, а останатите 20 отсто се во сопственост на американската група Блекстоун.