Се подготвува мјузикл за животот на Слободан Милошевиќ

Во белградското народно позориште се подготвува мјузикл за семејството на Слободан Милошевиќ и неговот семејство. Во фокусот на оваа претстава ќе биде периодот од деведесетите и владеењето на Милошевиќ се до негвото апсење во Хаг.

Претставата ќе биде во изведба на Српското народно позориште од Грачаница.

Автор на текстот и песните е Јелена Богавац, а премиерата ќе биде изведена на крајот од февруари.

Претставата е со работен наслов „Слободан шоу“, а ќе гостува низ повеќе градови во Србија.

– Се одлучивме за ваков проект бидејќи судбината на Косово е директно поврзана со почетокот и крајот на владеењето на Милошевиќ. Во политичка смисла остана отворено прашањето дали Милошевиќ е балканскиот касап или жртвено јагне, но на тоа одгвор ќе даде историјата. Нашата уметничка задача е храбро и одговорно барање на одгворот за прашањето на сопствениот идентитет – вели Богавац.

Режијата е на Ненад Тодоровиќ, додека музиката е на Марко Грубиќ. Во претставата учествува целиот ансамбл од Грачаница и хорот „Гли Србија“.

– Овој хор се состои од млади лица кои се последните „бебиња на Милошевиќ“, родени во 1994 и 1995 година. Оваа генереација речиси и не се сеќава на ништо од неговиот период на владеење, ниту имаат некаков однос кон него. нивните први спомени од детството е периодот на бомбардирање – вели Богавац.