Се плашат да не испие и Радован Караџиќ отров, како Слободан Праљак

Изрекувањето на правосилната пресуда за Радован Караџиќ по жалбите на хашкиот обвинет планирано за 20 март, ќе биде пренесувано со задоцнување од 30 минути.
Секакво снимање на преносот во живо е строго забрането, како што се наведува од „оперативни причини“.
Изрекувањето на правосилната пресуда по жалбите на хашкиот обвинет Радован Караџиќ, закажано за утре во 14 часот во хашкиот трибунал, ќе биде пренесувано со задоцнување од 30 минути.
Се шпекулира дека оваа мерка е донесена поради пропустите при изрекувањето на пресудата за Слободан Праљак, пренесе Телеграф.
Тој, по изрекувањето на пресудата, кога беше осуден на 20 години затвор, испи отров на пренос во живо, по што почина.
Останува неизвесно дали Радован Караџиќ ќе постапи исто како Праљак.