Се намалува цената на бензините, цената на нафтата не се менува

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат од еден од 1,5 денари, а цената на дизелот и екстра лесното останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,5 денари за литар, а на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 62,068 долари за барел, а курост на денарот во однос на доларот 52,17 денари.