Се зголемува коефициентот за работа ноќе и за дежурства во здравството

Владата на денешната седница разгледа и усвои измени и дополнувања на Поединечниот колективен договор за плата, други права по основ на плата и надоместоци на плата, заради зголемување на коефициентите за додаток на плата за работа ноќе и дежурства.

– Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучување Анекс за изменување и дополнување на Поединечниот колективен договор за плата, други права по основ на плата и надоместоци на плата, заради зголемување на коефициентите за додаток на плата за работа ноќе и дежурства на  вработените во Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, Завод и ургентен центар – Скопје, се вели во соопштението од владината прес-служба.