Се воведуваат две нови вакцини за бебињата

Од Нова година за сите бебиња во државата ќе се воведат две нови вакцини – едната против пнеумокок, другата против ротавирус. Со нив ќе се прошири календарот на имунизација, по препорака од Светската здравствена организација.

Вакцините ќе бидат задолжителни.

Надлежните за имунизација велат дека станува збор за вакцини кои ќе спречат тешки заболувања и сериозни компликации по здравјето на најмалите од опасните бактерии и вируси. На удар се децата до пет години. Според најавите, предвидено е да се модернизира и процесот кај вакцините кои децата ги примаат на 6 години и на 14 години.

За таа цел, во септември ќе има обуки на здравствените работници што го спроведуваат вакцинирањето.