СЕХА: Минимален пораз на Металург во Војводина

Ракометарите на Металург доживеаја пораз на гостувањето во Нови Сад кај Војводина со 31-30 (17-15) во рамките на во 9.коло на СЕХА лигата.
Иако одиграа одлично прво полувреме и во еден момент имаа дури +7 (15-8), во вториот дел металурзите направија многу грешки и дозволија пораз на крајот.
Тимот на Данило Брестовац имаше шанса барем за бод, но Маџовски ја погоди стативата во последниот напад.
Најефикасен кај екипата од Автокоманда беше Шпенде со седум гола. За Војводина најпрецизен беше Грозданиќ со осум гола.
За Металург ова беше седми пораз во регионалното натпреварување сезонава, по кој остануваат на претпоследното место на табелата.
Во следниот натпревар на 5 декември, Металург ќе му биде домаќин на Вардар во македонското дерби на СЕХА лигата.