СЕХА: Вардар со победа се враќа од Букурешт

Екипата на Вардар оствари победа на гостувањето кај Стеауа во Букурешт со 30-34 (10-21) во 13-тото коло од регионалната СЕХА лига.

Екипата на Роберто Гарсија Парондо одигра одлично прво полувреме во кое постигна 21 гол, а на почетокот на вториот дел имаа и највисоки 12 гола предност (23-11). До крајот дојде до мало опуштање во играта на „црвено-црните“, кои играа во комбиниран состав и победата беше изразена само со плус 4 разлика.

Поповски со десет и Кисељев со девет гола беа најдобри стрелци во редовите на Вардар, а Милошевиќ постигна 5 погодоци за ромаснката екипа.

За Вардар ова беше единаесетта победа во СЕХА, и по неа остана лидер на табелата со 33 бодови.

Следи зимската пауза, а натпреварите од регионалната лига продолжуваат во февруари.