СЕХА: Вардар без проблеми ја совлада Војводина

Вардар оствари победа од 36:32 над Војводина и ја оправда фаворитската улога на последното гостување во регионалната СЕХА лига за оваа сезона.

Тренерот Раул Гонзалез и на овој натпревар одмараше дел од ракометарите, а Вардар настапи без Арпад Штербик, Рожерио Мораеш и Иван Чупиќ.

„Црвено-црните“ на стартот поведоа со 3:1, а потоа одржуваа предност од три гола, која на полувремето се искачи на 12:17.

Домаќините го отворија второто полувреме со серија од 5:1 по која одново дојдоа само на гол негатива (18:19). Вардар рутински го држеше натпреварот под контрола и се одлепи на сигурна дистанца (19:23) и без многу емоции стигна до нова победа.

Најефикасен кај Вардар беше Лука Циндриќ со седум погодоци, а Игор Карачиќ и Хорхе Македа постигнаа по пет.

Владимир Бојаниќ и Божидар Надовеза со по шест гола беа најефикасни во составот на Војводина.

Вардар се наоѓа на врвот на табелата без пораз по 17 одиграни натпревари, од кои 16 се победи и едно реми.

Последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната во СЕХА лигата „црвено-црните“ го играат дома на 13 март против Нексе.