Серија земјотреси ги тресеа Дојран и Гевгелија

Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје. Најсилниот, со интензитет од 6-7 степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 по Рихтер, највеќе го почувствувало населението во Дојран.

Во Гевгелија, Валандово и Стумица интензитетот бил 6 степени, додека во Кавадарци, Радовиш и Берово 5 степени.

Земјотресот е почувствуван и од населението од соседните Грција и Бугарија, а предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.