Серена Вилијамс: Жена на годината во машки магазин

САД- Тенисерката Серена Вилијамс беше прогласена за жена на годината од страна на магазинот GQ. Иако досега имале навика тие титули да им ги доделуваат само на мажи, оваа година направиле исклучок па ѝ доделија на една жена.

Глумците кои биле прогласени за мажи на годините се Мајкл Би Џордан, Хенри Голдинг и Џона Хил, а секој од нив вклучувајќи ја и Серена доби своја насловна страна.

Но, еден детаљ на насловната страна на Серена ја разбесни јавноста и магазинот се најде на мета на критики.

На насловната страна со маркер е пречкртан зборот “men” и над него е напишано “woman”, но нивниот обид да бидат креативни поради еден детаљ во јавноста беше толкуван како навреда на сметка на изгледот на Серена. Станува збор за наводите кои овде се навистина непотребни, бидеќи Серена е очигледно жена.