Селма Блер откри дека боледува од мултиплекс склероза

САД- Холивудската актерка Селма Блер призна на социјалните мрежи  дека е има мултиплекс склероза. 46-годишната ѕвезда од “Секс игри” појаснува дека лекарите ѝ ја поставиле дијагнозата на 16 август, но со години ги чувствувала симптомите на болеста.

Се случуваше да паднам на земја, да ги испуштам работите, да имам проблеми со меморијата”, вели таа.

“Се надевам дека ќе им дадам надеж на другите. Сакам повторно да си играм со мојот син, да одиме по улицата, да јаваме коњ. Ако видите дека испуштам некои работи на улица, немојте да се колебате да ми помогнете да ги соберам. ”

Актерката исто така признава дека има голем физички замор. Блер глуми во сериите “Психотерапија” и “Друг живот”, кои треба да бидат објавени следната година.