Селмани: Владата не сака јавна критика, министрите на ДУИ се однесуваат како во времето на ВМРО

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ЗНМ на денешната јавна дискусија за размена на идеи и мислења за актуелните владини политики и процеси поврзани со нејзината транспаратеност, упати забелешка кон министрите од редовите на ДУИ кои, според него, се уште се однесуваат како во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кон новинарите од медиумите на албански јазик кои се критички кон нивната работа.

На Владата и заблежа и дека е премногу чувствителна на јавна критика, како и тоа што се уште немаат добиено одговор до каде е постапката за случајот со новинарот во МНР.

Селмани побара и во законот за медиуми да се отстрани одредбата со која се условува поддршката од Буџетот за Јавниот радиодифузен сервис МРТ во однос на неговата кондиција.

– Ако сакаме независен јавен сервис тргнете ја таа одредба, рече Селмани.

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на забелешките за однесувањето на министрите од ДУИ, потенцира дека принципите треба да важат за сите подеднакво.

– Ако говориме за отворена Владата тоа треба да важи за сите. Претходната влада функционирала во два света – една влада официјално, две влади неофицијално. Сега министрите и функционерите на ДУИ полека треба да се прилагодат на ова што значи концепт на владеење и демократиозирање на општетеството. Тие се активен партиципиент, но недозволиво е да бојкотираат медиуми, и не само од таа туку од сите партии, рече Поповски.

За случајот со новинарот во МНР, Поповски изрази чудење што овој случај се уште не е затворен оти тоа не смее да се дозволи и најави дека ќе провери зошто се уште нема одговор од МНР.

Во однос на пречувствителноста на критики, изјави дека во прашање се карактери, но и дека е процес во кој очекува сите да созреат.

– Потребни се вакви дискусии. Многу се значајни забелешките и критиките особено на кадровските решенија и на политиките на Владата. Треба да ги издржиме тие работи, одговорот и трпението мора да го имаме, вели Поповки.

Околу реформите во медиумите и Законот за АВМУ, Поповски порача дека клучно е опозицијата да ги поддржи, а спорната одредба, според владин став, ако не стои во овој закон ќе треба да биде избришана од сите закони, но тоа рече, не значи дека волјата нема да биде испочитувана.

Мирослав Драганов од Институтот за човекови права го поздрави продолжувањето на рокот од 10 на 20 дена на законите кои се објавени на ЕНЕР. Препорача кон законите да бидат доставени и деталните извештаи со забелешките кои се прифатени, односно кои се одбиени, што беше оценето како прифалтиво.

Беше побарано и принципот на активна транспаретност да се примени и спушти и кај локалната власт и во јавните претпијатија, поради низата коруптивни дејзтија на локално ниво, како и предлог за изработка на листа на критериумите и на лицата именувани и назначени во управните и надзорини одбори и директори, која според искажана проценка брои околу 11.000 лица

– Кога правите разни софтвери и алатки да го земете и ова предвид каде јавноста ќе може да се информира и за овие функции, рече Неда Малеска Сачмаровска.

На дискусијата беа изнесени и предлози и сугестии во однос на декласификацијата на информациите, за проширување на опфатот на институциите со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за кој работна група работи на негови измени, за вработувањата во Владата со договори на дело.