Селекторот на Сенегал: Резултатот е како од сон за нас

Селкторот на Сенегал, Алиу Сисе, беше многу среќен по успехот на неговиот тим против Полска во првиот дуел од групата „Х“ на Светското првенство во Русија.

 Африканскиот тим ја победија „дружина полска“ со 2:1 и даде јасна најава за продолжување во елиминациската фаза на турнирот.
– Резултатот е како од сон за нас. Победата е за целиот народ на Сенегал. Мислам дека почнавме подобро од очекуваното. Многу сум среќен и задоволен од она што го покажавме. Можеби ќе беше уште поубаво, ако не примевме гол, но сепак Полска е силен тим и заслужи нешто во оваа средба. Признавам дека при вториот гол имавме среќа, но таа е суштински дел од фудбалот. Не треба да се споредуваме со тимот од 2002 година, но дефинитивно сме блиску до него, рече Сисе и се заблагодари на неверојатната поддршка од трибините.