Села: Со „Република Илинденска Македонија” се славизира државното име

Алијансата за Албанците го смета за тенденција да се славизира името на државата и тежок удар врз секуларизмот, последниот предлог „Република Илинденска Македонија” за решение на спорот за името со Грција.

На вчерашната седница на Централното претседателство на Алијансата за Албанците било констатирано дека интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е бескомпромисна стратегиска и политичка определба. Партијата го повтори ставот дека се против која било тенденција да се славизира во која било форма името на државата.

Во врска со информацијата во јавноста за новото име на државата, Алијансата за Албанците констатира дека “ова именување е тежок удар врз секуларниот карактер на државата како една од основите на либералната демократија”, стои во соопштението на Алијансата за Албанците.