Села: Концептот „Едно општество за сите“ е лага

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села смета дека концептот што го промовира премиерот Зоран Заев „едно општество за сите“ е, како што нагласи голема лага. Тој вакавата оценка ја даде по посетата на Гостивар и средбата со неговиот сопартиец Арбен Таравари.

Во изјавата која Села ја даде по посетата на Гостивар упати порака до Заев, во која потенцира дека гостиварци се исклучени од концептот „Едно општество за сите“.

– Со директни наредби од премиерот, заедно со коалицискиот партнер прават сé за да го блокираат градоначалникот и граѓаните. Тоа е видливо и преку примерот со неставањето на предлог буџетот на дневен ред на седницата на советот. Гостиварци се пример дека големите изјави на премиерот за едно општество за сите и живот за сите во Македонија се само лага зад која се кријат ниски политички игри на СДСМ и на коалицискиот партнер ДУИ, рече Села на прес-конфренција по постета на Гостивар.

Неговиот домаќин и секретар на партијата, градоначалникот Арбен Таравари подвлече дека Алијанса за Албанците е доминантна партија во полошкиот регион на што како партиско раководство биле горди.

Денешната агенда на посети Сеља и Таравари ја продолжија во општините Боговиње и Врапчиште кај сопартијците градоначалници.