Седум деца загинаа во пожар во Канада

Седум деца загинаа во пожар во куќа во Канада, соопшти канадската полиција.

– Се претпоставува дека жртвите се мали деца од едно семејство. Мажот и жената остануваат во болница, се наведува во соопштението од полицијата.

Телевизискиот канал Си-Би-Ес јави дека децата се членови на едно семејство и дека се сириски бегалци.

Еден сосед изјавил дека слушнал експлозија пред да избувне пожарот во куќата.

Започната е истрага за утврдување на причините за пожарот.