Седумдесет години од Клиниката за максилофацијална хирургија

Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија одбележува 70-години од основањето. Во изминативе години се развиваше од 4 кревети во 1948 година, до 40 кревети денес и 17 лекари. Прославата, вели директорот на Клиниката Славе Наумовски, ја збогатиле со отворање на две операциски сали и го промовирале дополнувањето на името на Клиниката со што го додадоа името на академик Илија Васков, кој е основоположник на модерната максилофацијална хирургија и градител на половина Клинички центар. Свеченото одбележување на годишнината ќе се одбележи во Македонската филхармонија. Она што недостига на Клиниката во моментов се медицински сестри.

„Беше откриена биста во бронза на акедмик Илија Васков кој е основоположник на модерната максилофацијална хирургија. Реновиран е одделот за интензивна нега, имаме две нови операциски сали, имаме доволен број на лекари, ни фалат  медицински сестри, имаме 15, а нашите потреби од 35 до 40. На пат сме со Министертвото за здравство да го решиме тоа прашање“, рече Наумовски. (В.М.Л.)

Борис Грданоски-фоторепортер