Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, референдумот ќе почека

Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е закажана за утревечер во седиштето на партијата, но, на неа, не се очекува расправа околу (не)учеството на престојниот референдум за договорот со Грција околу името. Според нашите сознанија, на маса ќе се стават тековните обврски и случувања, поврзани пред се со „Работното лето“ на опозицијата, планираните активности, како и актуелните скандали што ја потресоа власта во изминатиот период. Дел од членовите на ИК се на одмор. Тоа што јавноста веројатно најмногу го очекува е ставот на најголемата опозициска партија во врска со референдумското изјаснување закажано за 30 септември. Меѓутоа, дали ќе се бојкотира, ќе се оди „против“ договорот или членството ќе се остави само да одлучи ќе биде одлучено на почетокот од септември, потврдуваат извори од ВМРО-ДПМНЕ.