Седница за пратенички прашања во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи седница за поставување пратенички прашања.

Седница за поставување се одржува секој последен четврток во месецот, а премиерот и членовите на Владата одговараат на прашања на пратениците. Први по неформалниот редослед за поставување прашања се пратеници од опозицијата, а потоа следуваат нивните колеги од владејачкото мнозинство.

На седницата најверојатно повторно нема да учествуваат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.