СДСМ: Сомнителните тендери беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Сомнителните тендери, создавањето монополи и остарувањето криминални и бизнис интереси на поединци беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и токму поради таквиот однос на таа партија здравствениот систем беше срозен, а медицинскиот персонал потценет, се вели во соопштението на СДСМ.

“За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога се набавуваше лабораториска опрема која се уште не е во употреба заради несоодветноста и чија цена е далеку од реалната пазарна вредност, Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство со новиот начин на набавка имаат за цел да овозможат заштеди и подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Преку централизираната набавка ќе се овозможи рационализација, избегнување на двојни анализи и ќе се воведе електронски систем во лабораториите. Како резултат на тоа, набавките ќе бидат по мерка, а на тој начин и јавноста ќе биде информирана како се трошат парите на граѓаните. Сите заштеди што ќе се создадат ќе бидат инвестирани во платите на здравствените работници и во нови иновативни лекови”, стои во соопштението.

Според СДСМ, Владата и Министерството за здравство работат одговорно, транспарентно и посветено во процесот на градење на квалитетен и ефикасен здравствен систем којшто овозможува квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.