СДСМ: Платите во Македонија растат

Трендот на растот на платите во Република Македонија продолжува. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена за месец март е за 5,6 отсто повисока во однос на месец март 2017 година. Просечната плата во првото тромесечие од 2018 година е за 4,9 отсто повисока во споредба со истиот период од минатата година, се вели во соопштението на СДСМ.

„Ова е уште една потврда дека Законот за минимална плата го дава посакуваниот ефект и дека се отвори спиралата на раст на платите. Македонија се стабилизира на економски план, а најголема придобивка од тоа имаат граѓаните. Повисоки плати значат повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард, а се создава фер општество и поквалитетен живот. За само 11 месеци новата Влада успева да креира позитивна економска клима. Забележани се раст на просечната и минимална плата, јавниот долг е намален и се забележува зголемување на животниот стандард како резултат на владините реформи“, се наведува во соопштението.