СДСМ и ДУИ ќе одат заедно на изборите

Владејачките СДСМ и ДУИ ќе настапат заедно на претседателските избори – со т.н. консензуален кандидат, чие име треба да биде утврдено во петок. Ова е епилогот од вчерашната средба меѓу лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети, која се реализира по неколкуте тензични денови меѓу коалициските партнери, кои ги исфрлија на површина сите несогласувања, за што, пак, повод беа „игрите“ околу имунитетот на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.
-Се договоривме за еден заеднички кандидат со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Верувам дека овој концепт ќе наиде на поддршка од голем број граѓани, објави Ахмети.

Во изјава по средбата, тој рече дека не се зборувало за конкретно име , туку дека во наредните денови ќе има уште состаноци за да се утврди кандидатот за претседател. Принципот на консензуален кандидат за претседател, според Ахмети, е добар начин на соработка меѓу коалициските партнери и треба да стане практика.