СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ потврди дека е несериозна партија

СДСМ реагира за напуштањето на собраниската седница од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ја напуштија седницата веднаш по изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за случајот „Тенк“.

„ВМРО-ДПМНЕ денеска побегна од директно соочување на аргументите во Собранието и ја напушти седницата на која се разгледуваат важни прашања за граѓаните. Во ист ден претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев излегува на јавно соочување со Христијан Мицкоски, нешто што не беше замисливо последните 11 години во Македонија. Со ваквиот начин на однесување се потврдија две клучни работи: ВМРО ДПМНЕ е несериозен политички субјект кој воопшто не мисли на интересите на граѓаните туку дејствува за лични и партиски интереси. СДСМ и нејзиниот лидер, Зоран Заев, се однесуваат сериозно кон интересите на граѓаните и на државата и дејствуваат државнички и одговорно“, вели СДСМ во нивното соопштение.