СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството бидејќи за време на нивното 11 годишно владеење го погазија достоинството на земјоделците, го уназадија земјоделството, а преку погубните политики се создаваше непријателски однос меѓу земјоделците и откупувачите, се вели во соопштението на СДСМ.

“Според јавно достапните информации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги исполни барањата на производителите на зелка, откупната цена до празникот Велигден да биде 20 денари. Исто така, претставници на Министерството активно го следат откупот на зелка и се во постојана комуникација со производителите и откупувачите, а истовремено се работи на изнаоѓање решенија за непречен пласман и извоз не само за зелката туку и за другите земјоделски производи во текот на целата година”,се наведуваа во соопштението.

Според СДСМ времето на притисоци, закани и понижувања на земјоделците заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијата.